Цинк 150 (1л)
610.00 ден
Течно ѓубриво со 11.2% водорастворлив Цинк или 150гр/л Цинк како Цинк Сулфат
Опис
Се употребува при недостаток на Цинк кој се јавува во дефицит кај хумусни почви, висока пХ вредност, висока содржина на Фосфор и при ниски температури и влага.
Недостатокот на Цинк се изразува со хлоротични ивици, портокалово обојување на лисја, забавен раст и мали лисја.
Се употребува кај сите култури за снабдување со Цинк, подобрување на цветањето и оплдувањето, транспорт на Калциум и користење на Магензиум и др.
Препорака градинарство:
Пред и после цветање 2 пати по 100 мл/декар
Препорака овоштарство и лозарство:
Пред цветање: 2 третирања 0.100 л/декар
После цветање до берба: 2 третирања 0.100 л/декар
После берба: 2 третирања 0.200 л/декар
Поради агресивната формулација важно е да не се употребува во фаза за цветање во овоштарство и лозарство.