Калциум (10л)
3,600.00 ден
Хранлива состојка:
16,7% растворлив во вода калциум оксид (CaO) 220 гр/л
Начин на употреба:
Калциумот се употребува најчесто кај градинарските и овоштарските култури. Во количини од 5 до 10 литри на 1хектар во 500 литри вода.
Опис
Течно ѓубриво во форма на Калциев хлорид кој е произведен со подобрена технологија при формулирањето на самиот производ. Калциумот како елемент е слабо достапен во киселите, песокливите и лесни почви и за време на суша. При висока содржина на N(азот) и K(калиум) во плодот и при појава на поголеми плодови најчесто се јавува недостаток на Калциум. Дефицит на Калциум се манифестира преку следните појави: уништени врвови на листовите (како да се изгорени), свиткани листови, намалена цврстина на плодовите, лоша состојба на младите листови со шарени точки или пруги по истите.