Бор (10л)
7,600.00 ден
Начин на употреба:
Борот се употребува во количини од 1 до 3 литри во 200 – 400 л вода за 1 хектар, доколку се прска фолијарно. Доколку се користи во систем капка по капка преку коренова исхрана се употребуваат 4 до 8 литри на 1000 литри вода за 1 хектар. Бор ѓубривото на Лебозол, се користи и во органското земјоделие.
Хранлива состојка:
-11% растворлив во вода (Б) Боретаноламин 150 гр/л
Опис
Течно ѓубриво кое во себе содржи чист елемент Бор во форма на Боретаноламин и се користи кај сите растенија кои се одгледуваат на слаби и песокливи почви, кои имаат висока содржина на N(азот) или при почви со висока содржина на Ca (Калциум). За време на студ, суша или висока влажност, неодстатокот на Бор се манифестира кај растенијата со изумирање на вегетационите точки, гниење на срцевината, слабо цветање, неквалитетно заврзување на плодовите кај сите градинарски и овоштарски култури и лошо оформени плодови.