Нашата приказна

АГРОПТИМА ДОО е компанија специјализирана за дистрибуција на големо на земјоделски препарати за прихрана на секаков тип билки и растернија, основана во 2018 година од Кирил Ѓозев дипломиран економист – претприемач, кој повеќе од 10 години развива и успешно управува со приватни компании и бизниси. Компанијата е ексклузивен застапник на Германскиот бренд Lebosol (www.lebosol.de) за Република Северна Македонија и земјите од регионот (Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора).

Моментално при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Агроптима има уредно регистрирани 27 препарати од палетата на производите на Lebosol, за продажба во Република Северна Македонија.

Во моментов компанијата го развива својот прв иновативен проект АГРИО иновативна софтверска алатка составен дел од агрометеоролошката станица, софтвер на модел за прогноза на болести и мобилна апликација кои претставуваат надградба на агрометеоролошката станица и примена на сензори. Развојот на овој проект се реализира со финансиска поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој.

Брошура