Агро Саем во Струмица
Агро саем во Струмица
На 8ми Октомври 2022 година, по втор пат се одржа Агро саем во Струмица. Настанот беше во организација на здружението ПроАгро Фармери, а беше поддржан од општина Струмица и министерството за земјоделие. На саемот беа присутни околу 100тина излагачи од земјата и од странство и ги презентираа своите најнови достигнувања во земјоделскиот сектор.
Земјоделските производители на саемот презентираа земјоделски производи, земјоделска механизација, ѓубрива и заштитни средства. Исто така имаше и избор на највкусен мед. Освен земјоделски производители, на саемот учествуваа и претставници од научните институции, производители на семенски материјали и увозници на земјоделска механизација. Ние, Агроптима, како учесници на саемот настапивме со штанд полн со богатата палета на производи од Лебозол, како и презентација на нашето ново иновативно софтверско решение Агрио, кое е вистинска корисна иновација за секој земјоделец. Организаторите велат дека идејата и целта на саемот беше да се промовира домашното производство, но и на едно место да се соберат производителите, откупувачите и потрошувачите, со цел да се создадат нови соработки меѓу нив.
Во рамки на саемот се одржа и панел дискусија на тема Иднината на македонското земјоделие, а се одржаа и стручни предавања посветени на пчеларите и градинарството. На нас како компанија која е тесно поврзана со земјоделското производство, ни беше огромна чест и задоволство што бевме дел од овој настан и се надеваме на уште многу вакви настани.