Проект АГРИО

Проект АГРИО
АГРИО – иновативно софтверско решение за земјоделците

 

Проектот АГРИО е иновативно софтверско решение за секој земјоделец. Ние како компанија која е тесно поврзана со земјоделското производство во Македонија, Бугарија, Србија и Албанија, го креиравме овој проект со цел олеснување на работата на земјоделците и зголемување на приносите при истовремено намалување на трошоците во производство.

 

Дигиталната платформа „АГРИО“ (agrio.mk) e софтвер на модел за прогноза на болести и мобилна апликација кои претставуваат надградба на агрометеоролошка станица и примена на сензори. Користење на сензори и метеоролошки станици, надградени со „АГРИО“ како практична дигитална алатка, ќе им овозможи на индивидуалните земјоделци и поголемите производители на земјоделски производи, увид и следење на важни параметри за работењето, а со тоа ќе им помогне и во донесувањето на правилни одлуки за одредување на период на садење, превентивни мерки за заштита од болести и штетници, прецизно извршување на агротехнички мерки и сл. Исто така се мерат податоци за локацијата каде што е поставена станицата и која што е калибрирана според измерените податоци од самата станица. Во прогнозата на станицата се вклучени:  Температура на воздухот, Релативна влажност на воздухот, Количество на врнежи, Атмосферски притисок, Брзина и правец на ветер, Облачност, Магла (видливост), Точка на роса, Услови за невреме и Појава на мраз. Се ова придонесува за заштеда на репроматеријали, време и енергија како и значително намалување на трошоците и намалување на загадувањето на животната средина. Овие податоци се важни за секоја земјоделска култура и периодот на вегетација на истите. Тоа значи сите земјоделци знаат точно колку вода изгубиле во почвата и на тој начин знаат точно кога и колку да наводнуваат. Со тоа се заштедува неконтролирано трошење на вода, но и заштеда за измивање на хранливите материи во почвата.

 

Проектот „АГРИО“ е поддржан од ФИТР во рамките на повикот Ко-финансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“. Повеќе информации околу платформата и услугите на истата можете да најдете на agrio.mk.